Успешно заврши меѓународниот тениски турнир во Аеродром

 

Берк Бугариќ и Калин Ивановски се најдобропласираните македонски тенисери меѓу стотинатасветски јуниори во тенис,кои настапија на ИТФ турнирот минатата недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром. Тие го освоија второто место во категоријата двојки во машка конкуренција во финалето со ОндрејХорак и КароТомански.

Третиот по ред турнир за јуниори до 18 години се одржа во машка и женска категорија, а  се играше на четири терени на земјена подлога.

Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“  ‒ Скопје кој уште еднаш го потврди својот водечки статус во македонскиот тенис и покрај лошите временски услови.

Инаку, во машка категоријаОндрејХорак од Чешка го освои првото место, а веднаш заднего на втората позиција беше КајлиЛок Јин Танг од Кина, додека кај девојките Бјанка Елена Барбулескуод Романија беше подобра од  нејзината сонародничка Даниела Андреа Роска. Во конкуренција на двојки ДариаШаламанова и Беатрис Спасова од Бугарија беа подобри од Бјанка Елена Барбулески и Даниела Андреа Роска.

  Линк до комплетните резултати:

 https://www.itftennis.com/juniors/tournaments/tournament/info.aspx?tournamentid=1100044687

 

23.5.2019

Општина Аеродром

 

 

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео