Нови краци на улица „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром

Општина Аеродром деновиве ја почна изградбата на четири нови краци на улицата „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром.

Станува збор за четврта фаза од изградбата на пристапни улици, со комплетен водовод, атмосферска канализација, тротоари од двете страни и улично осветлување.

Исто така, улично осветлување ќе се изведе и на други три улици во локалитетот Црква УЕ Б.

За проектот се издвоени околу 9 милиони и 300 илјади денари од буџетот на Општина Аеродром.

Со изградбата на краците се заокружува инфраструктурата во овој дел од Општината и жителите на новите згради ќе добијат современи и подобрени услови за живот.

 

4.5.2019 г.

Општина Аеродром