Велигденски средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

 В недела, 28.4.2019 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче по 31-ви пат ќе се одржат традиционалните Велигденски средби што секоја година ги организира Црковниот одбор на православниот храм по повод Велигден.

Средбата ќе почне во 11:00 часот, веднаш по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.

На големиот народен собир со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани. Оваа година на Велигденските средби се очекува да настапат Круме Спасовски, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Виданка Георгиева, Никола Костадиновски, Гоце Касаповски, Сани, како и културно-уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Горно Лисиче и оркестарот „Фортуна“.

Црковниот одбор ги повика православните верници да се приклучат кон прославувањето на овој голем христијански празник и да ја посетат црквата „Св. Петар и Павле“, чии порти се отворени за сите граѓани.

 

25.4.2019

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео