Изведени нови приклучоци на фекална канализација во Долно Лисиче

 

Нови приклучоци на фекална канализација се изведени деновиве на главната улица „1“ во Долно Лисиче.

Извршени се прекопи и се изведени приклучоци на фекалната канализација за мрежа којашто во иднина ќе се развива, со цел да се избегне прекоп на улицата што моментално се реконструира и наскоро ќе биде асфалтирана.

Градежните работи ги изведува Општина Аеродром во соработка со ЈП „Водовод и канализација“.

 

16.4.2019

Општина Аеродром