Сообраќајна сигнализација на булеварот во населба Лисиче

 Вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација се поставува деновиве пред раскрсниците на булеварот „12-та македонска бригада“ во населбата Лисиче.

            Сигнализацијата ја поставува Град Скопје по иницијатива на Општина Аеродром со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

            Исто така, по иницијатива на Општината во тек е поставување семафор на булеварот „Србија“ во близина на бензинските пумпи.

 Општина Аеродром интензивно работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот. За таа цел, во изминатиот период беше поставена вертикална и хоризонтална сигнализација пред основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“.

Безбедносна ограда е поставена и покрај основото училиште „Ѓорѓија Пулевски“ по должината на улицата „Васко Карангелевски“, со што учениците се штитат од директно изложување на улицата.

3.4.2019

Општина Аеродром

           

 

 

Актуелно

img
img img

Видео