Општина Аеродром деновиве продолжи со засадување нови дрвја и со обновување на зеленилото на кружниот тек во Стар Аеродром, како и во дворовите на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и детската градинка „Сонце“.
Во оваа акција се засадуваат околу 800 садници, од кои повеќето се даб, липа, јавори, а се садат и јуниперуси и леланди.
Општина Аеродром и есента спроведе голема акција во која беа засадени повеќе видови високостеблести дрвја на различни локации на целата територија. Набавени се над 1800 садници, за што од буџетот на Општината се издвоени 8 милиони денари.
Општината останува посветена на раззеленувањето на просторот, како долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина.
1.3.2019 година
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.