ПОВИК ЗА ЈАВНА РАСПРАВА

Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица да учествуваат на јавната расправа што ќе се одржи на 4 март 2019 година (понеделник) со почеток во 17:00 часот во просториите на Општината, на која детално ќе биде презентиран проектот за доградба на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Со овој проект Општина Аеродром аплицираше на јавниот повик МСИП 02/2018 за користење средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги предвидени во компонентата А-општински инвестиции и тоа по Одлука на Советот на Општината за давање согласност за аплицирање донесена на 16-та седница.

Јавната расправа се организира по одобрувањето на техничката документација од страна на Министерството за финансии. Станува збор за учесто на јавен повик од Министерството за финансии кое доделува подзаеми за Општините за финансирање капитални проекти, врз основа на договорот за заем на Вториот проект за подобрување на општинските услови (ИБРД – 8156 МК) финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Овој проект е од општ и јавен интерес и има економска и финансиска оправданост поради потребите на граѓаните за зголемување на капацитетите во установите за згрижување деца.

22.2.2019 година

Општина Аеродром