Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве ја расчистува депонијата во населбата Лисиче, на раскрсницата меѓу улиците „Ернест Телман“, „Тодор Чангов“ и „Богомилски Поход“.
Во расчистувањето на локацијата се вклучени сезонски работници од Општина Аеродром, како и механизација на ЈП „Комунална хигиена“.
Општина Аеродром во изминатиот период ги детектираше сите диви депонии на нејзината територијата и во неколку наврати спроведе активности за нивно расчистување.
Комуналните инспектори вршат редовна контрола на теренот, со цел да се спречи создавање нови депонии. Општината, истовремено, ги повикува граѓаните, доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации да пријават на телефонскиот број 075 316 515.
7.2.2019
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.