Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност ‒ Аеродром“, Димитрија Богатиноски, денеска потпишаа меморандум за соработка, во присуство на претседателката на Советот, Ивана Цветковска.
„Меморандумот за соработка е во насока на подобрување на условите за живот на пензионерите во Аеродром“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека Општината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, кои го граделе нашето општество.
Претседателот на Здружението, Димитрија Богатиноски, изрази благодарност што Општина Аеродром има слух за нивните проблеми и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.
Исто така, со овој меморандум се планира да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое брои 14.000 члена, како и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.
6.2.2019 година
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.