„Пожар“ во ООУ „Браќа Миладиновци“

 Показно-тактичка вежба за гаснење пожар и евакуација на загрозени лица се одржа денеска во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

            Целта е увежбување на наставничкиот и техничкиот персонал во училиштето за имплементирање на планските документи за дејствување во услови на настанат пожар и потреба од евакуација на загрозени лица.

            Претпоставената ситуација опфати пожар во кујната на училиштето предизвикан од електричната инсталација на кујнските апарати, од каде што се ширеше чад што го зафати приземјето на објектот со закана за негово проширување во други ходници. Во времето на оваа претпоставена ситуација, во училиштето се одвиваше редовна настава, а акцентот беше ставен на евакуација на учениците, наставниците и техничкиот персонал.

            Вежбата се спроведе во организација на училиштето „Браќа Миладиновци“ и Општинскиот противпожарен сојуз - Аеродром, со учество на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и општинскиот Црвен крст - Аеродром.

            3.12.2018

           Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео