Се поставува преграда за собирање отпад во реката Вардар

 

     Во тек се активности за поставување пловечка преграда со цел насочување на пластичниот отпад кон едната страна на текот на реката Вардар во непосредна близина на зградата на ФФМ.

   Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, заедно со претставници од Општина Аеродром, Град Скопје, ЈП „Улици и патишта“, како и од компанијата „Пакомак“, во пресрет на Европската недела за помалку отпад, денеска извршија увид на местото каде што се работи на поставување на оваа преграда.

                16.11.2018

                Општина Аеродром