Ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот

Денеска се реализира сообраќајно-воспитната акција „Поддржуваме безбедна иднина“ пред трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром.

Оваа акција е дел од едукативните проекти од областа на сообраќајот во кои се вклучени ученици од седмо и осмо одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“.

Специјално формираните училишни сообраќајни единици составени од ученици од овие две основни училишта ќе имаат посебна улога во однос на регулирањето на сообраќајот, под надзор на полициските службеници.

Акцијата ја спроведува Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со Општина Аеродром и компанијата „Пнеуматик“.

Општина Аеродром ги поддржува овие акции за безбедност на сите учесници во сообраќајот, а во таа насока неодамна постави хоризонтална и вертикална сигнализација пред основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“.

 

9.11.2018

Општина Аеродром