Општина Аеродром ќе добие 4 нови паркови

Општина Аеродром распиша јавен повик за изработка на проекти за 4 нови паркови, кои во наредниот период ќе се градат на повеќе различни локации.

            Три од парковите се планира да се подигнат во Стар Аеродром. Еден од нив ќе биде лоциран во должина на улицата „Методија Шаторов Шарло“ на површина од 3.200 квадратни метри, вториот покрај улицата „Новопроектирана 1“ на површина од 4.600 квадратни метри, а парк ќе се гради и на раскрсницата меѓу улиците „Пандил Шишков“ и „Фрањо Клуз“ на површина од 1.000 квадратни метри.

            Изградба на нов парк со површина од 2.500 квадратни метри е планирана и меѓу зградите во Индустриска зона УЕБ, кои се протегаат покрај булеварот „Трета македонска брогада“.

            Исто така, во тек е тендерска постапка за избор на фирма за изведба на новиот парк во населбата Мичурин, чија изградба треба да започне во наредниот период.

Општина Аеродром останува посветена на своите заложби за заштита и подигнување нови зелени површини на својата територија. Во таа насока има набавено околу 1.800 високоизраснати дрвја што ќе се садат на повеќе локации во општината.

            3.11.2018

            Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео