Марин: Обесштетувањето на инвеститорот кај Мајчин дом би значел комплетен крах на буџетот на Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, во интервју за Македонската информативна агенција, зборува за можностите за стопирање на изградбата на плацот кај Мајчин дом и урбанистичкото планирање во општината.

„Доколку се оди во насока на обесштетување, инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра. За илустрација, Општина Аеродром во моментов има на располагање околу 4 милиони и 800 евра, а нашиот основен буџет за цела 2018 година изнесува околу 9 милиони евра. Ова би значел комплетен крах на буџетот на општина Аеродром и огромни штети за граѓаните. Ова е неразумно решение и ќе ја доведе во прашање реализацијата на сите проекти, но и тековното работење. Тоа би било крајно неодговорно и ова решение не го поддржувам. Сепак, во нашиот буџет ние предвидовме 300.000 евра за проекти од областа на животната средина, кои успешно се реализираат, набавивме прочистувачки за воздух за сите градинки, имаме тековна изградба на градинка, исплаќаме финансиска поддршка за првачиња и многу други проекти кои не би можеле да се реализираат во тој случај“, потенцира Марин.

Целото интервју можете да го најдете на МИА: https://mia.mk/2018/10/marin-obesshtetuva-eto-na-investitorot-ka-ma-chin-dom-e-znachi-kompleten-krah-na-bu-etot-na-opshtina-aerodrom/

 

27.10.2018

Општина Аеродром