Огласот за доделување еднократна парична помош во износ од 10.000 денари за талентирани спортисти ќе трае заклучно со 29 октомври 2018 година (понеделник).
Пријавата може да се преземе од веб-страницата на Општина Аеродром и со целокупната документација да се достави преку пошта на адреса Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ бр.109б, 1000 Скопје или во архивата на Општината од 08:30 до 14:00 часот, со назнака – За поддршка на талентирани спортисти за 2018 година.
Повеќе информации за критериумите и за начинот на аплицирање може да се најдат во самиот оглас, објавен на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/1986
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.