Нови паркинг-места во Ново Лисиче

Жителите на зградите што се наоѓаат во непосредна близина на паркот „Нирнберг“ ќе добијат обновен паркинг-простор со 30-ина нови паркинг-места.

Општина Аеродром деновиве работи на средување на паркингот со бекатон-плочки, како дел од тековните активности за одржување на паркиралиштата, пешачките патеки и тротоарите што се под нејзина надлежност.

Населбата Ново Лисиче неодамна доби околу 50 нови паркинг-места со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

Тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.

            19.10.2018

            Општина Аеродром