Успешно реализирана изложба на олдтајмери во Општина Аеродром

Организаторите на изложбата на олдтајмери „Skopje Classic Day“ што во неделата се одржа во паркот со авион му доделија благодарница за успешна соработка на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Голем број граѓани го посетија настанот на кој беа изложени 50-ина луксузни олдтајмери и 20-ина моторцикли од земјава и од соседството.

Сите возила се постари од 35 години, што е основен услов да се класифицираат како олдтајмери. Организатори на настанот се Игор Стефановски и Благоја Петровски кои неодамна во Скопје по трет пат го организираа и „Distinguished Gentleman’s Ride“.

Општина Аеродром е голем поддржувач на вакви и слични настани, кои покрај забавниот имаат и едукативен карактер.

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео