Европската недела на спортот се одбележува во Општина Аеродром

Репрезентативци на Република Македонија денеска ги претставија своите спортови пред дечињата од градинката „Срничка“, објект „Лале“, во рамките на проектот „Европска недела на спортот“.

            Спортистите презентираа елементи од фудбалот, кошарката, ракометот, како и од индивидуалните спортови гимнастика и тенис, со цел да го поттикнат спортскиот дух кај најмладите и да ги истакнат придобивките од спортувањето.

            Европската недела на спортот ќе биде одбележана со уште неколку настани што ќе се организираат наредните денови и во други градинки и основни училишта во Општина Аеродром.

            Проектот е реализиран од страна на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија како дел од програмата „Еразмус плус“, со поддршка од Европската комисија.

           

            24.9.2018

            Општина Аеродром