Рокот за парична помош за првачиња истекува в сабота

 Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари што им ги доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија истекува в сабота, на 15 септември.

Ги повикуваме родителите да го искористат своето право на овој паричен надоместок пред истекот на рокот и на тој начин да си ги олеснат трошоците за новиот ученик во семејството.

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден и сабота од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Во прилог на барањето доволно е да се покаже на увид лична карта на само еден од родителите.

 

10.9.2018

Општина Аеродром