Јавна дебата на тема „Потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје“

Јавна дебата на тема „Потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје“ се одржа вчера во организација на Министерството за здравство.

Главна тема на дебатата беше планираната изградба на нова градска болница во Општина Аеродром на локацијата каде што сега се наоѓа „Мајчин дом“.

Настанот, на кој присуствуваа и претставници на Општина Аеродром, разбуди голем интерес кај граѓаните, кои можеа да го кажат своето мислење за планираниот проект. По завршувањето на јавната дебата беа презентирани идејните решенија кои учествуваа на конкурсот за идеен проект за новата градска болница.

 

7.9.2018

Општина Аеродром