Градоначалникот Марин им посака добредојде на првачињата, Општина Аеродром ги олеснува трошоците за родителите

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска на почетокот на новата учебна година, присуствуваше на приредбата за пречек на новите првачиња во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Тој им посака топло добредојде на новите ученици од Општина Аеродром и успешен почеток на првата учебна година.

„Почетокот на образовниот процес е важен настан за секое дете. Од денеска ќе се соочите со бројни убави предизвици, кои ќе ве подготват за понатамошни достигнувања и успеси во животот. Вашите успеси се наши најголеми достигнувања“, изјави градоначалникот Марин, порачувајќи им дека Општина Аеродром работи посветено за да им овозможи услови за напредок на секое поле.

Општина Аеродром, покрај бесплатните ученички униформи за сите ученици, оваа година им обезбеди и еднократна парична помош на сите првачиња во износ од по 3.500 денари. Исто така, Општина Аеродром за првпат годинава ги презеде трошоците за обезбедување на училиштата што до сега ги покриваа родителите, со единствена цел да им помогне на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца.          

 

               3.9.2018

               Општина Аеродром

 

 

 

 


 

Актуелно

img
img img

Видео