Општина Аеродром ги презема трошоците за обезбедување на училиштата и градинките

Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што до сега ги плаќаа родителите.

Преку овој проект не само што се грижиме за безбедноста на децата, туку сакаме и да им помогнеме на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Општина Аеродром за обезбедување на училиштата и градинките во својот Буџет предвиде пет милиони денари.

Одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на стартот на новата учебна година, заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче.

 

            30.8.2018

            Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео