Лисичани позитивно ја прифаќаат акцијата за селектирање пластика

 

Граѓаните позитивно ја прифаќаат акцијата за собирање пластика од домовите што ја почна Општина Аеродром во населбата Лисиче. За неколку дена беа посетени куќите од неколку улици во оваа населба и веќе 50-ина семејства со задоволство ги потпишаа договорите за соработка.

Акцијата вклучува околу 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои им се оставаат по 2 кеси за да ја селектираат својата пластика. Кесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад.

Резултати што се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија (вклучување) на неформалните собирачи на отпад.

Акцијата се одвива во соработка со еколошкото здружение „Гоу грин“ и Ромскиот бизнис информативен центар, а со поддршка на Град Скопје.

За подетални информации околу акцијата граѓаните можат да ги контактираат:

Рамуш Муарем (Цирко) на телефонскиoт број: 078/715-192

Бојан Трајановски на телефонскиот број: 078/307-716

 

10.08.2018

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео