Општина Аеродром деновиве спроведе еколошка акција за расчистување на кабастиот отпад кој граѓаните несоодветно го оставиле на јавна површина.
Акцијата, што изминатите неколку дена се реализираше на целата територија на Општина Аеродром, се спроведе во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Исто така, за да не се остава кабастиот отпад на недозволена јавна површина, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.
31.8.2018
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.