Се чистат паркиралиштата во Општината

Општина Аеродром денеска почнува акција со која се уредуваат и расчистуваат паркиралиштата кои се на нејзина територија, во соработка со ЈП „Градски паркинг“.

Дел од комуналните служби на Општина Аеродром со службите од јавното претпријатие „Градски паркинг“, ќе ги расчистуваат и метат паркинзите зад трговскиот центар „Бисер“ и „Капитол Мол“, а акцијата исто така опфаќа и собирање паднати гранки и шут.

Службите за расчистување на паркинзите се опремени со дувалки, машина за метење и камион за собирање на собраното ѓубре.

 

           

            21.7.2018      

            Општина Аеродром