Во вторник 12 седница на Советот

На 3.7.2018 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 12-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2018 година
  2. Предлог- Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 5799/1)
  3. Предлог- Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 2624)
  4. Предлог- Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3604)
  5. Предлог- Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 521)
  6. Предлог-План за измена и дополна на План за јавни набавки на ОА за 2018 година
  7. Предлог-Одлука за давање согласност  на Договор за соработка во 2018 година меѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од  Скопскиот плански регион, основачи на центарот за развој на Скопскиот плански регион
  8. Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање
  9. Предлог-Одлука за разрешување на член  во управниот одбор на ЈДГОА „Срничка“ - претставник на Град Скопје
  10. Предлог-Одлука за именување на член  во управниот одбор на ЈУДГ „Срничка- претставник на Град Скопје
  11. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2019 година на  ЈУДГ „Буба Мара“
  12. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
  13. Предлог- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за користење на средствата за репрезентација во Општина Аеродром
  14. Предлог- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за плати на вработените во Општина Аеродром
  15. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром, за период од 09.02.2017 година до 21.05.2018 година
  16. Советнички прашања.

 

           

            27.6.2018

            Општина Аеродром