Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Со урнебесната повеќепати наградувана босанска претстава „Једваносимсобоакаломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вчеравечер беше отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Се работи за социјална комедија што се занимава со општествените проблеми на денешнината. Во неа на комичен начин се разработува темата зошто значителен број млади ја напуштаат Босна, прашање кое го засега целиот Балкан.

Поради временските услови Фестивалот, кој традиционално се одржува на отворена сцена во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, вчера беше поместен на сцената на Театар Комедија.

Со надеж дека временските услови ќе го дозволат тоа, вечерва на сцената поставена во Спортскиот центар Ново Лисиче со почеток во 21:00 часот ќе се одржи претставата на велешкиот театар „Џинот“ - „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски. Влезот е бесплатен.

 

19.6.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео