Започна изградба на нов колектор во Ново Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска присуствуваше на одбележување на почетокот на изградбата на нов колектор во Ново Лисиче, на брегот на реката Вардар.

Овој колектор е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје. Основната цел на проектот, кој ќе се реализира во три фази, е чист Вардар и чиста животна средина.

Инвестицијата е финансирана со средства на Европската Унија во износ од над девет милиони евра и кофинансирана со 15 проценти од Буџетот на Република Македонија. Градежните работи се реализираат во рамките на ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.

На денешниот настан свое обраќање имаа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, шефот на делегација на ЕУ во РМ Самуел Жбогар, амбасадор на Република Франција во РМ Кристијан Тимоние  и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

 

13.6.2018

Општина Аеродром