Службите на терен, се санираат штетите од невремето

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и општинските служби се на терен по големото невреме кое го зафати скопскиот регион. Се детектираат и санираат настанатите штети и поплавени области.

Поплавата на бул. „Јане Сандански“ пред слаткарницата „Палма“ е веќе санирана. Исто така, се детектирани паднати дрвја во паркот во Мичурин, Бојмија и на други локации врз улици и тротоари, паднати кровни конструкции, билборди, бандери и електрични кабли, како и настанати штети врз автомобили и приватен имот.

Активностите за спроведуваат во координација со Градскиот штаб за заштита и спасување, а на терен се сите јавни претрпијатија на Град Скопје, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција. Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.

 

9.6.2018

Општина Аеродром