Во понеделник 11 седница на советот

На 11.6.2018 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 11-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

  1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром
  2. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Аеродром
  3. Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучување на дистрибутивна мрежа преку стандарден приклучок со одобрена максимална едновремена моќност на приклучок до 40 kW (времен приклучок за меѓународен фестивал Гола Месечина на бул В. С. Бато број 71 и број 73)
  4. Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за снабдување со електрична енергија број УП1–11-405 помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, (за меѓународен фестивал Гола Месечина на бул В. С. Бато број 71 и број 73)
  5. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2929 и КП 2623/1)
  6. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3898)
  7. Предлог-Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 2937)
  8. Предлог-Одлука за давање согласност за потпишување Договор за реализација на проект за поставување на станица за полнење на електрични автомобили на јавни паркинг простори на територија на Општина Аеродром, помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија АД Скопје
  9. Предлог-Одлука за исправка на техничка грешка во Одлука за доделување  еднократна парична помош на семејства со прваче во учебната 2018/2019 година
  10. Предлог - Правилник за  условите, начинот и постапката на давање на користење на деловни простории, урбана опрема и спортски објекти
  11. Предлог-Одлука за отпочнување постапка за давање на користење на урбана опрема-покриен шанк на локација Ново Лисиче - парк со авион
  12. Предлог-Одлука за отпочнување постапка за давање на користење на спортски терен – фудбалско игралиште на подрачје на Општина Аеродром
  13. Предлог-Одлука за исплата на парични средства на вработените во општинската администрација на Општина Аеродром по основ на надоместок за годишен одмор
  14. Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање и боледување подолго од шест месеци
  15. Предлог-Одлука за доделување еднократна парична помош на куќен совет на ул. Владимир Комаров број 10, заради полесно надминување на последиците од претрпена  штета  предизвикана од пожар
  16. Предлог-Одлука за неприфаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Аеродром и Општина Сопиште,  за вршење на работи од областа на урбанизмот – градежна инспекција
  17. Предлог-Одлука за разрешување член во управниот одбор на ЈУДГ „Буба Мара“- претставник на МТСП
  18. Предлог-Одлука за именување член во управниот одбор на ЈУДГ „Буба Мара“- претставник на МТСП
  19. Предлог-Заклучок за усвојување Правилник за измена и дополна на Правилник за систематизација на работни места во ЈДГОА „Срничка“
  20. Предлог-План за измена на План за јавни набавки на ОА за 2018 година
  21. Советнички прашања

           

            6.6.2018

            Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео