Поставена нова сообраќајна сигнализација пред ОУ „Блаже Конески“

Деновиве беа поставени легнати полицајци пред ОУ „Блаже Конески“ за поголема безбедност на учениците, како и на другите учесници во сообраќајот. Освен легнатите полицајци поставени се и сообраќајни знаци за предупредување, односно улицата пред училиштето е целосно обележена со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Во претстојниот период се поставува вертикална и хоризонтална сигнализација и пред основното училиште „Александар Македонски“ и клонот „Сонце“ на детската градинка „Буба Мара“ во Реонски центар, како и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Острово.

Општина Аеродром за овој проект од својот Буџет издвои околу милион денари.