Собрани 50 кубни метри кабаст отпад во акцијата во Општина Аеродром

Околу 50 кубни метри кабаст отпад се собрани во акцијата што изминатите неколку дена се реализираше на целата територија на Општина Аеродром.

Акцијата беше спроведена во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а граѓаните имаа можност да се ослободат од стар и неупотреблив мебел, електрични и електронски апарати од домаќинствата.

Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.

 

23.5.2018

Општина Аеродром