Одбележани 146 години од раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански

Денеска Општина Аеродром одбележа 146 години од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански.

На споменикот во истоимениот парк  свежо цвеќе положија делегации од Општина Аеродром и Ѓорче Петров, Советот на Општина Аеродром и Советот на Град Скопје, како и други институции и здруженија.

На македонскиот револуционер чест му оддадоа и директорите и други претставници од основните училишта и градинките на територијата на Општина Аеродром.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, секретарот на Општина Аеродром, Пламенка Бојчева, претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

           

18.5.2018

            Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео