Над 500 деца трчаа под мотото „Училишта без насилство“

Над 500 децa учествуваа на 12-от по ред мини маратон што се одржа во паркот  „Авион“. Оваа година децата трчаа под мотото „Училишта без насилство за секое дете“. Гости на настанот беа актуелната светска рекордерка во маратон за жени, Пола Редклиф, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска.

Во трката учествуваа ученици од шесто одделение, кои трчаа по кружна патека кај авиончето во должина од 500 метри, со иста позиција за старт и цел, а настанот беше збогатен со музичка програма пред и по завршувањето на спортскиот дел. Трката немаше натпреварувачки карактер и сите учесници добија медали и награди.

Детскиот мини маратон се одржа во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Сојузот на училиштен спорт на Скопје, а под покровителство на УНИЦЕФ и во рамки на Wizz Air Скопскиот Маратон.

 

5.5.2018

Општина Аеродром