ОД 20 МАЈ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „СКОПЈЕ 2018“

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ годинава ќе се одржи по седми пат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ со почеток на 20 мај.

Пријавувањето на екипите почна на 25 април и ќе трае до 18 мај, но бројот на учесници е строго ограничен. Подетални информации може да се добијат на официјалната страница на фејсбук или на контакт телефонот 072/ 213 963.

Оваа година турнирот ќе го организира здружението КБС 2012, а Општина Аеродром е покровител. Наградниот фонд ќе изнесува 300.000 денари.

 

7.5.2018

Општина Аеродром