Администрацијата на Општина Аеродром се вклучи во пролетната еко-акција

Администрацијата на Општина Аеродром денеска се вклучи во пролетната еко-акција која се организира во најголемиот дел од општините во нашата држава, по иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоправа (ЗЕЛС).

Вработените во Општината, заедно со сезонските работници, дадоа свој придонес за почист Аеродром. Акцијата, која вклучи метење, собирање хартија и косење, се спроведе во сите делови од Општината. Почетните пунктови беа во населбите Лисиче и Мичурин, како и пред општинската зграда, а оттука акцијата продолжи кон околните населби.

Освен чистење и уредување на јавните површини, целта на денешната акција е да ја подигне свеста кај граѓаните за грижа за животната средина.