Почнува санација на детските и спортските игралишта

Општина Аеродром денеска ја почнува пролетната акција за санација на детските и спортските игралишта, како и на клупите, кантите и другата урбана опрема на нејзина територија.

Во наредните денови ќе се опфатат сите игралишта, според претходно утврден план и динамика. Одржувањето на детските игралишта ќе почне од населбата Мичурин, санацијата на спортските игралишта ќе започне од населбата Ново Лисиче, а обновувањето на урбаната опрема е предвидено да почне од населбата 13 Ноември.

Општина Аеродром за оваа намена од Буџетот издвои 4 милиони и 800 илјади денари.

 

2.5.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео