Засадени 500 дрвја во пролетната акција во Општина Аеродром

Околу 500 дрвја се засадени на територијата на Општина Аеродром во рамки на пролетната акција за зазеленување што се спроведе изминатите две седмици во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Новите висококвалитетни повеќегодишни садници се од видовите јавор, каталпа, јасен, чинар, брест, јапонска цреша, ликви дамбар, декоративна јаболка, липа, црвен даб и лириодендрон.

Дрвјата се засадени во паркот во близина на последната автобуска постојка на линијата број 5, покрај булеварите Видое Смилевски - Бато, АСНОМ, Србија, Јане Сандански, Трета македонска бригада, како и на улицата „Васко Карангелевски“.

Околу 60-тина садници се засадија и во околината на улиците „Коста Новаковиќ“ и „Вангел Тодоровски“.

Исто така и во дворот на основното училиште „Александар Македонски“ беа насадени 50 садници, кои ќе придонесат во подобрување на животната околина на овој дел од општината. Садниците се од видот дуглазија и црн бор, а се донација од ЈП „Македонски шуми“, која беше доделена на барање на самото училиште.

                                                      

18.4.2018

Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео