Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, вчера пред месната заедница „Долно Лисиче“ одржаа средба со граѓаните на оваа населба во врска со реконструкција на регионалниот пат Јурумлери – Драчево и други проблеми со кои се соочуваат жителите.
Регионалниот пат во Долно Лисиче е долгогодишен горлив проблем за локалното население. Директорот на ЈПДП, Китанов, под чија надлежност е овој пат, информираше дека се обезбедени средства од Светска банка за негова целосна и темелна реконструкција. Во моментов е во тек тендерска процедура што ќе трае до крајот на јуни годинава, а реконструкцијата ќе почне во најбрз можен рок.
На средбата се зборуваше и за санација на други локални улици во Долно Лисиче. Конкретно, Општина Аеродром има изработено три проекти за реконструкција на улици 2, 4 и 20.
4.4.2018
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.