Санација на пристапната улица кон ОУ „Љубен Лапе“

Општина Аеродром утрово ја санира пристапната улица што води кон основното училиште Љубен Лапе и касарната.

Стариот асфалт на пристапната улица беше целосно деградиран и распаднат, поради што е отстранет и ќе биде заменет со нов слој асфалт. На оваа улица, Општината има поставено и нова атмосферска канализација.

Истовремено, се санираат и улици околу трговскиот центар Бисер и првиот влез во Ново Лисиче. Општина Аеродром систематски ги санира ударните дупки на целата територија на Општината, а дополнително ги евидентира и пријавите од граѓани.

 

31.3.2018

Општина Аеродром