Санација на ударните дупки во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве ги почна редовните активности за санација и асфалтирање на ударните дупки на улиците што се под нејзина надлежност.

Акцијата започна од Стар Аеродром и во претстојниот период ќе ги опфати сите реони од општината, а динамиката со која се врши санацијата зависи од временските услови.

Нашите служби, покрај редовниот и однапред предвиден континуитет на оваа акција, на терен ќе излегуваат и по пријава за ударни дупки од граѓани. За детектираните локации граѓаните ќе можат да нѐ известат преку официјалните е - меил адреси и профили на социјалните мрежи или директно во Општината.

 

15.3.2018

Општина Аеродром