Пуштен во употреба Гео-информацискиот систем на Општина Аеродром

Општина Аеродром ја пушти во употреба веб - апликацијата на  Географскиот информациски систем (ГИС), што ги опфаќа сите важечки планови за територијата на општината.

Преку овој систем, секој може бесплатно да изврши увид врз тоа како е испланиран просторот и каде се наоѓа неговиот дом, односно станбена зграда, куќа, деловен простор. Апликацијата е поврзана директно со Агенцијата за катастар на недвижности и овозможува пристап до информации, како што се број на катастарска парцела и објекти. Меѓу другото, ГИС нуди информации и за сообраќајниците, трговските центри и сите поважни објекти.

Граѓаните во секое време, преку едноставно кликнување на банерот кој е поставен на веб - страницата на Општина Аеродром (http://88.85.97.30/), можат да добијат различни податоци за просторот уреден со планска документација.

Засега, станува збор за почетна верзија на овој систем, кој во континуитет ќе се надградува.

 

7.3.2018

Општина Аеродром