Утре, 7.3.2018 година, во 13:00 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи третата работилница за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации.
Ова е воедно и последна работилница во циклусот од три работилници, преку кои се планира да се заокружи процесот на развивање на методологијата за потоа таа да се предложи до Советот на Општината за усвојување. Со оваа последна работилница се очекува да се финализираат структурирани и транспарентни процедури, кои ќе овозможат еднаков пристап до финансирање на граѓанските организации од Буџетoт на Општина Аеродром.
Целта на овој проект е да се утврди методологија со едноставен процес на аплицирање и јасно дефинирани критериуми за оценување и доделување средства. Истовремено,
Работилниците се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој - Алка Скопје. Учесници се претставници од Советот на Општина Аеродром, општинската администрација и граѓанските здруженија.
Ги покануваме претставниците на невладините организации и граѓанските организации активно да учествуваат на работилницата.
6.3.2018
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.