ВО СРЕДА 7 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ
На 28.2.2018 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 7-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
1. Предлог-Заклучок за усвојување информација од ПС „Аеродром“ за потреба од формирање / ставање во функција на Локален совет за превенција на Општина Аеродром
2. Предлог-Одлука за определување на претставник на Општина Аеродром во Локалниот совет за превенција на Град Скопје
3. Предлог - Програма за остварување соработка со здруженија и фондации за 2018 година
4. Предлог – Програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2018 година
5. Предлог - Правилник со критериуми за доделување донации и спонзорства
6. Предлог - Програма за измена и дополнување на програмата за социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2018 година
7. Предлог-Одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Џонови заради полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар
8. Предлог-Одлука за доделување еднократна парична помош на семејство Алексовски заради полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар
9. Предлог-Одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на детски меѓународен фестивал „Св. Троица“
10. Предлог-Одлука за спонзорство на манифестацијата Илинденски Марш
11. Предлог-Одлука за доделување спонзорство на Национална установа Театар Комедија - Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен фестивал на комедијата „Гола Месечина“ 2018 година
12. Предлог-Одлука за доделување донација за реализација на програмски активности на Општинскиот противпожарен сојуз Аеродром за 2018 година
13. Предлог-Одлука за доделување донација на Здружение на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ за вработување лица кои ќе работат со деца
14. Предлог-Одлука за давање согласност за потпишување Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Македонија
15. Предлог-Одлука за давање согласност за примање на донација - прочистувачи на воздух за дел од објектите на ЈДГОА „СРНИЧКА“ на подрачје на Општина Аеродром
16. Предлог-Одлука за давање одобрение за користење на името Аеродром од страна на Здружение на граѓани –Фудбалски клуб Аеродром 2018 година
17. Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за смрт на член на потесно семејство на лица вработени во општински буџетски корисник
18. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за именување командант и членови на Штабот за заштита и спасување за подрачјето на Општина Аеродром
19. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Љубен Лапе“ за учебната 2017/2018 година
20. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Блаже Конески“ за учебната 2017/2018 година
21. Предлог-Заклучоок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Александар Македонски“ за учебната 2017/2018 година
22. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2017/2018 година
23. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за учебната 2017/2018 година
24. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2017/2018 година
25. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ за учебната 2017/2018 година
26. Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Димитар Македонски“ за учебната 2017/2018 година
27. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2017 година
28. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2017 година
29. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2017 година
30. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2017 година
31. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на социјалната и детската заштита во Општина Аеродром за 2017 година
32. Предлог-Акциски план за вклучување на јавноста во процесот на донесување на одлуки во областа на животната средина
33. Предлог-Акциски план за енергетска ефикасност на Општина Аеродром за периодот 2018 година
34. Предлог-Одлука за давање согласност за учество на Општина Аеродром во Програмата за рамномерен регионален развој 2018 година и издвојување на 50% од вкупните средства за проект со име „Развој на модерна огревна инфраструктура во ОУ Гоце Делчев, Долно Лисиче
35. Предлог - Решение за престанок на мандатот на член на Совет.
23.2.2018
Општина Аеродром