Известување до НВО сектор и граѓански организации

На 15.02.2018 година во 13:00 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се  одржи  првата  од трите работилници за креирање  транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на ЛС и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.

Работилниците се дел од проектот  „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој - Алка Скопје.

Kако резултат од нив, ќе произлезе методологија за транспарентна распределба на средства за здруженија на граѓани што ќе овозможи компетитивност на идеите и спроведување на проектни активности кои се важни за целата заедница.

Ве покануваме да земете активно учество на истите.

 

13.2.2018

Општина Аеродром