300.000 денари поддршка за децата со аутизам од социјално загрозени семејства

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е Иван Петков го одбележаа почетокот на проектот за ран третман и терапија на деца со аутистичен спектар на нарушување од социјално загрозени семејства, кој ќе се реализира во Центарот за сензорна терапија „Во мојот Свет“.

Општина Аеродром со задоволство го поддржува овој проект, кој им овозможува на децата од социјално загрозени семејства бесплатно да го посетуваат центарот за сензорна терапија. Откако здружението „Во мојот Свет“ ја посочи потребата од дополнителен кадар, Општината реши да издвои 300.000 денари од сопствениот Буџет наменети за стручни лица кои ќе работат во втора смена со децата на возраст од 2 до 9 години.

Градоначалникот Златко Марин на настанот изјави „Општина Аеродром потпиша Меморандум за соработка со здружението „Во мојот свет“, определивме средства од Буџетот на општината за подобро функционирање на ова здружение и работа во втора смена. Исто така, ќе продолжи соработката со здружението и колку што може општината и понатаму ќе помага“.

 

9.2.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео