На 8.2.2018 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 6-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
1. Предлог – Одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија, за извршен попис во Општина Аеродром со состојба на ден 31.12.2017 година
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2017 година
3. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 509)
4. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3753/1)
5. Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнато барање за отпремнина за пензионирање на лице вработено во општински буџетски корисник
6. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Меморандум за соработка помеѓу Општина Аеродром и Националниот совет за родова рамноправност
7. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Меморандум за соработка меѓу Центар за одржлив развој АЛКА, Скопје и Општина Аеродром
8. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Меморандум за соработка меѓу Здружението на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ“ и Општина Аеродром
9. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Меморандум за соработка меѓу Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ и Општина Аеродром.
5.2.2018
08-04-24