Акција за дарување крв во Општина Аеродром

Општина Аеродром и Црвен крст на Република Македонија организираат крводарителска акција утре (6.2.2018 година) од 10:00 до 14:00 часот во просториите на општината под мотото „Дарувај крв-спаси живот“.

На крводарителската акција крв ќе дарува градоначалникот Златко Марин и дел од вработените во Општината, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот.

 

5.2.2018

Општина Аеродром