ВО ЧЕТВРТОК ПЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 25.1.2018 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 5-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог - Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2018 година

2.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3950/1)

3.    Предлог - Одлука за давање согласност за примање донација – финансиски средства за набавка на прочистувачи на воздух за објектите на дел од детските градинки  ЈУДГ „БУБА МАРА“ на подрачје на Општина Аеродром

4.    Предлог-Одлука за давање согласност за склучување меморандум за соработка меѓу телото на обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN WOMEN  и Општина Аеродром

5.    Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Договор за депонирање на чист градежен шут и мешан комунален отпад, помеѓу ДРИСЛА ДОО Скопје и Општина Аеродром

6.    Предлог-Одлука за измена на Одлуката за именување командант и членови на Штабот за заштита и спасување за подрачјето на Општина Аеродром

7.    Предлог-Одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на детските градинки на територијата на Општина Аеродром

8.    Предлог-Заклучок за усвојување информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за усвојување на барање/дополнување за техничка грешка во ДУП Мите Богоевски.

 

            22.1.2018

            Општина Аеродром