СООПШТЕНИЕ

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места Ректорат, Лисиче и Тетово.

Соодветно препораките на централната и градската власт и заложбите на Општина Аеродром, веднаш почнуваме со дополнителни интервентни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општината и ќе бидат на сила сè додека е надминат прагот на алармирање, конкретно:

-  работниците на отворено ќе работат од 11.00 до 17.00 часот;

- бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста ќе бидат ослободени од работни обврски;

-  се одложуваат активностите на отворено, доколку не се итни;

- се откажуваат сите активности на отворено, во кои учесници се децата како најранлива популација во однос на загадувањето на воздухот;

- се намалува до 50% употребата на службените возила;

- продолжуваат зголемените инспекциски контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби;

- ќе се обезбеди прифатилишта за сместување бездомници.

 

Општина Аеродром апелира до граѓаните:

-           да не ги користат возилата без поголема потреба

-           повеќе лица да се возат во едно возило

-           да се користи јавниот превоз, кој од утре ќе биде бесплатен

-           за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, односно за затоплување да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци

-           печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

 

27.12.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео